Меланија Трамп сега е преубава, но погледнете како изгледа на ФОТОГРАФИИТЕ од младоста – нема да ја препознаете
И оние што не го сакаат нејзиниот сопруг, не можат да го оспорат фактот дека оваа жена секогаш изгледа прекрасно.
Таа е жена која внимава на секој детаљ кога е нејзиниот стил во прашање, а бидејќи како млада била манекенка, научила и како да води здрав живот и да внимава на својата линија. Затоа таа и денес изгледа феноменално и зрачи со енергија на која ретко кој може да остане рамнодушен.
Меланија од девојка која живееше во едно мало гратче во Словенија стигна до функцијата Прва дама во Америка. Таа одлично се снаоѓа во нејзината улога, а нејзиниот беспрекорен стил и шарм ги освојува дури и најтврдокорните противници и неистомисленици на нејзиниот сопруг.
Меланија пред да се омажи за Трамп беше манекенка. Во модниот свет ќе заплови на само 16 години кога и настануваат нејзините први професионални фотографии, додека се уште живееше во Словенија. Таа на нив изгледа речиси непрепознатливо, а низ медиумите не ретко се шушка дека има направено неколку пластични операции иако првата дама досега многу пати ги има демантирано ваквите гласини.
Тајните на убавината на Меланија Трамп
Меланија е позната и по тоа што ја користеше секоја пригода да ја нагласи важноста од здравата исхрана и користењето на органските производи наспрема брзата храна и готовите оброци. Според магазинот GQ, Меланија пред да стане прва дама, подолго време беше посветена на мирниот семеен живот. Но таа и денес, и покрај обврските воопшто го нема запоставено својот изглед, ниту здравјето, задржувајќи ги позитивните навики од времето кога била манекенка и кога се придржувала до одредени режими на исхрана.
Впрочем тоа можеме да го забележиме и од нејзиниот изглед за кој сите, па дури и оние што гласаат за Џо Бајден, се согласни дека е блиску до совршенство.
Таа редовно оди на долги прошетки со тегови на зглобовите на нозете. Покрај тоа секој ден јаде по седум парчиња овошје и ревносно се грижи за хидратација на кожата, како што своевремено самата ни откри во едно нејзино интервју.
Покрај ова оваа убавица родум од Словенија води грижа и да си легне порано, па многу пати и се случува да го остави нејзиниот сопруг сам и да си замине порано од некои забави кои се во склоп на нивните секојдневни обврски.
Меланија многу често отворено зборуваше и дека е против пластичната хирургија. „Никогаш немав никакви интервенции. Живеам здраво и се грижам за својата кожа и тело. Не сакам ботокс но и сите други слични работи.“
„Тоа го оштетува лицето и нервите. Секоја брчка што ја имам на лицето е моја и планирам во староста да изгелдам грациозно токму како и мојата мајка“, вели Меланија.
Во продолжение погледнете неколку комбинации што Меланија ги носеше како прва дама на Америка.
Па, дали ви се допаѓа стилот на оваа жена?