Меланија Трамп повторно предизвика хаос на социјалните мрежи – го забележавте ли и вие вознемирувачкиот детаљ на нејзиниот капут?
Меланија повторно ги „раздрма“ социјалните мрежи
Еден „твит“ на претседателот на САД, Доналд Трамп, со кој објави фотографија од одбележувањето на годишнината на терористичкиот напад 9 септември направи хаос на интернет, и тоа повторно заради едно парче од облеката што ја носеше неговата сопруга, убавата Меланија Трамп
Имено, троловите велат дека дел од нејзиниот капут, односно делот од работ во задниот дел потполно одговара на сцената од авионот што се забива во кулите близначки. Спорната фотографија секако дека не е настаната за време на церемонијата кога Трамп во Белата куќа и Пентагон го одбележаа настанот, а на кој Меланија носеше црн фустан од Ралф Лорен.
Фотографијата ги прикажува Доналд и Меланија како гледаат во далечина, свртени со грбот. Меланија носи капут порабен со бели конци.
„Никогаш нема да заборавиме“, пишува под знамето.
Is…is that a plane crashing into one of the twin towers in the back of Melania’s coat?!? pic.twitter.com/7hhBjooU4z
— Qanon Veterans 4 Hillary (((deep cover division))) (@AbeBeeEeeC) September 11, 2019
Но кога фотографијата ќе се зголеми, капутот во долниот дел потсетува на кулата и авионот, па следуваше хаос на Твитер.
Не сакам да звучам како некој што верува во теориите на завера, но дали уште некој гледа авион како се забива во кулата на капутот на Меланија, праша една корисничка на оваа популарна социјална мрежа.
I’m sure I’m not the first one to spot this but who in the world thought it was a good idea for Melania to wear this coat in the 9/11 photo. It legit looks like an object is flying into a tower or the Washington Monument pic.twitter.com/w2qOpxP15G
— Ashley Spivey (@AshleySpivey) September 11, 2019