Меланија Трамп никогаш НЕ изгледала подобро, а едно од овие изданија дефинитивно е врв!
Меланија при посетата на Велика Британија ја зацврсти својата положба на една од најпознатите модни икони.
Прекрасната Словенка само вториот ден од посетата носеше три фантастични комбинации – фустан со шарени риги од Викторија Бекам, елегантниот комплет од Диор за време на посетата на кралицата Елизабета II и изданието во беж нијанса што го носеше кога излегуваше од авионот во Шведска. Фустанот што го избра од познатата британска дизајнерка чини околу 2000 доалри, а целото издание дополнително го „подигна“ со високи потпетици од Кристијан Лобутин.
https://instagram.com/p/BlNb8wDH7XY/?utm_source=ig_embed
Но дефинитивно најдобро издание го носеше следниот ден за време на слетувањето во главниот град на Данска кога се појави во класична бела кошула во комбинација со шик кожени панталони во луксузна боја на коњак.
Оваа специфична нијанса Меланија ја истакна и со деталите на долгиот блејзер во сива боја, а од модните додатоци ја носеше скапоцената Биркин чанта од Хермес и наместо високи потпетици, овој пат избра кафеав модел на шпиц балетанки, повторно со потписот на Кристијан Лобутин.
Па, што велите за ова издание на Меланија?