Холивуд
Меланија Трамп во црно од глава до пети – неверојатно шик фустан и балетанки што секоја дама треба да ги има во плакарите
Advertisement
Меланија во елегантно црно издание
Advertisement
Познатиот претседателски пар ненајавено го посетија Националните гробишта во Арлингтон одбележувајќи го четири дена порано Денот на сеќавањето поради претстојната официјална посета во Јапонија.
Првата дама на Америка со помош на војници постави мали знамиња пред надгробните споменици, а за таа пригода носеше прикладно црно издание во кое доминираше фустанот со „војничка“ естетика.
Advertisement
Во прашање е модел без ракави од престижната модна куќа Диор кој покрај ласкавиот крој се истакнува и со предимензионирани џебови, а Меланија дополнително го истакна со дебел кожен ремен со златна тока.
Поранешната манекенка целото издание го комплетираше со балетанки во шпиц и омилените очила за сонце.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement