Стил

Меланија Трамп во прекрасно дамско издание – бел фустан и црни, елегантни високи потпетици од генијалниот Кристијан Лобутин

Advertisement

Првата дама на Америка во дамска комбинација

Advertisement

Во прашање е бел фустан од „Ralph Lauren“ преку кој носеше плетен џемпер на закопчување од истиот бренд во темносина боја од кашмир и памук, со бели ленти на дното на ракавите, а целата комбинација ја зачини со високи потпетици од Кристијан Лобутин.

Облека со потписот на Ралф Лорен кој важи за еден од најголемите американски модни креатори Меланија ја носеше и на инаугурација кога со својот стајлинг и одаде почест на најпознатата дама во американската модерна историја Џеки Кенеди. Таа оттогаш во неколку пригоди носеше облека од него, како и облека од Мајкл Корс и Келвин Клајн кои исто така се Американци.

Advertisement

Инаку, општо познато е дека убавата Словенка ги преферира европските дизајнери, односно дизајнерскиот бренд „Dolce & Gabbana“ и париската модна куќа „Prada“ во чии креации досега најмногу можевме да ја видиме.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button