Меланија повторно доминираше со својот моден избор
Првата дама на Америка и претседателот за дружењето со најмалите воочи Ноќта на вештерките не носеа маскирани костуми – Доналд избра класичен костум, впрочем како и обично, додека Меланија се прошета во шик модно издание со кое никого не остави рамнодушен.
Имено, убавата Словенка избра есенски капут со должина до под колената. Во прашање е кожен модел со потписот на Мајкл Корс од есенската колекција за 2019. Моделот е инспириран од Вудсток и „хипи“ движењето, а за него првата дама на Америка издвоила 6000 долари.
Но всушност она со што овој капут најмногу ги освои модните критичари е неговиот крој во кој Меланија изгледаше значително послабо. Капутот едноставно го издолжува телото бидејќи ременот му се врзува над половината, речиси под градите, па е одличен избор доколку сакате да сокриете вишок во пределот на стомакот и колковите.
Меланија овој тренди модел го носеше со црни салонки од Маноло Бланик и корпа полна со колачиња за најмалите.