Меланија Трамп во високи потпетици од Кристијан Лобутин кои никого не оставаат рамнодушен
Првата дама на Америка ги обожава моделите „Pigalle Follies“ и „So Kate“ од модниот гениј Кристијан Лобутин кои се со високи потпетици од 12 сантиметри.
Меланија обожава да носи дизајнерски парчиња, а кога се високите потпетици во прашање еден од омилените дизајнери и е генијалниот Кристијан Лобутин. Таа најголема предност им дава на моделите со екстремно високи потпетици во боја на кожа, а токму еден таков модел од 12 сантиметри носеше на прославата на денот на Свети Патрик.
Поранешната манекенка ги изненади модните критичари и со тоа што наместо традиционалната зелена нијанса за овој ден носеше елегантен, бел капут, со кој дополнително ја истакна своја женствена фигура.
Во продолжение погледнете уште неколку изданија на Меланија во кои главниот збор го имаат токму „лобутенките“.