Холивуд

Меланија при посетата на Британија ја ископира Меган Маркл?

Advertisement

Меланија и Доналд Трамп се на својата прва официјална посета на Велика Британија. 

Advertisement

Фустанот со кој првата дама на Америка слета во Лондон несомнено потсетува на некои што ги носеше новата војвотка од Сасекс во последно време па светските медиуми се прашуваат дали Меланија беше инспирирана од стилот на Меган или во прашање е само дипломатија.

Како и да е, Меланија во Британија стигна во фустан од францускиот дизајнер Роланд Мурет кој е многу сличен со оној што Меган Маркл го носеше за време на своето прво службено патување во Ирска.

Advertisement

Според „Vanity Fair“ и двата фустани се во слична беж нијанса, со сличен припиен крој и грациозно деколте.

Иако оставаат можност и дека станува збор за чиста случајност, престижниот американски магазин потсетува и на неодамнешната незгодна ситуација на Меланија со јакната од Зара од минатиот месец, по која стана потполно сигурна дека Американците го следат нејзиниот стил.

Копирајќи го во моментот стилот на најпопуларната дама во Обединетото кралство, особено за Американците, секако дека и првата дама не може повторно да погреши.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button