Реклама
Холивуд

Меланија ни покажа како да изгледаме елегантно во бели патики

Реклама

Првата дама на Америка во шик летно издание

Прекрасната Меланија Трамп (46) која најчесто ја гледаме во високи потпетици, реши малку да ги одмори нозете и се прошета во рамни обувки.

Маркетинг

Првата американска дама која секогаш изгледа беспрекорно и елегантно е една од оние жени кои и кога ќе носат полежерно издание блескаат во полно светло.

По прославата на Денот на независноста претседателскиот пат замина на голф одмаралиштето кое го поседуваат во Њу Џерси.

Меланија за оваа пригода носеше капри панталони во крем нијанса и со потписот на „JBrand,“ а со нив комбинираше бела кошула што ја носеше со подвиткани ракави. Но можеби најинтересниот детаљ во целото издание е тоа што наместо високи потпетици, Меланија носи бели патики, и тоа оние класичните, еден од првите модели на Адидас

Од модните додатоци првата дама носеше голема чанта од Мајк Корс и „оверсајз“ очила за сонце од Ив Сен Лорен.

Поврзано

Back to top button