Реклама
Холивуд

Меланија е понижена и навредена, но НЕ сака да поверува дека eксплицитните фотографии ги објавил нејзиниот сопруг

Реклама

Меланија Трамп се сомнева дека Роџер Стоун, долгогодишниот советник на нејзиниот сопруг стои зад објавувањето на разголените фотографии од нејзиното минато кога работела како манекенка.

Ова го тврди новинарката Кејт Бенет во својата книга „Free, Melania: The Unauthorized Biography“ додавајќи дека претседателот и Меланија спијат во одвоени спални соби во Белата куќа.

Маркетинг

Но и покрај овие сомневања, Меланија наводно не сака да поверува дека нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, одиграл важна улога во објавувањето на eксплицитните фотографии, пишува во својата книга Бенет.

Во прашање се фотографии кои се направени во 1996 година, а објавени следната во француски магазин, кои во јули 2016 беа објавени во „Њујорк пост“. Беа објавени три месеци по изборите додека Трамп беше вовлечен во жестока расправа со семејството на капетанот Хамајун Кан, американскиот војник кој го изгуби животот во Ирак во 2004 година.

Маркетинг

Во книгата се наведува дека Роџер Стоун ги објавил фотографиите за да го сврти вниманието и да ја спречи лошата недела во претседателската кампања на Трамп.

Како што пишува Бенет оваа идеја Трамп да ја уфрли својата сопруга во разголено издание е толку одвратна, а фотографиите биле толку лоши, што новинарите на крај воопшто и не се посомневале во тоа. Меланија нема изјавено што мисли како фотографиите доспеале до таблоидите и на насловните страници, но според извори на авторката на книгата, првата дама се уште се сомнева и одбива да поверува дека тоа би можел да го направи нејзиниот сопруг.

Трамп во 2016 година за „Њујорк пост“ изјави дека разголените фотографии на Меланија се направени пред тие да се запознаат и дека во тоа време неговата сопруга била една од најуспешните манекенки и постојано се фотографирала, а таквите фотографии се вообичаени и модерни, посебно во Европа. Покрај овие фотографии, првата дама има и други со „пикантна“ содржина, а оние кои беа објавени во магазинот „GQ“ Трамп лично барал да му бидат донесени во канцеларијата, пишуваше во 2016 овој магазин.

Бенет пишува дека Маленија по објавувањето на фотографиите се чувствувала понижено и навредено, но и дека била исплашена за својот млад син.

Таа додава и дека првата дама е „топла и љубезна“ кон персоналот во Белата куќа и дека оние што поминале време со нејзиниот 13-годишен син Барон велат дека малиот има словенечки нагласок.

Извор: Kurir.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button