Меланија во култните патики што се хит и меѓу познатите Македонки (+ шик панталони што ги обожаваат и кралиците)
Првата дама на Америка во супер елегантно издание
Откако предизвика скандал со непромислениот избор на јакната од „Зара“ на која пишуваше „I don’t really care, do u?“ а која ја носеше при посетата на центарот за децата на имигрантите, Меланија Трамп повторно предизвика внимание, но овој пат со својот беспрекорен стајлинг.
Имено, таа при посетата на кампот за имигранти во близина на границата со Мексико избра црно бело издание кое се состошеше од лежерни бели панталони со тенка црна линија и обична црна маица со ¾ ракави.
Панталоните потсетуваат на тренерки и токму ваков модел е мошне актуелен во последните неколку сезони, а убавата 47 годишна Словенка ги носеше со уште еден голем тренд, а тоа се белите патики. Во прашање се популарните патики Стен Смит од Адидас што ги обожаваат и дамите како Викторија Бекам и шведската принцеза Викторија, а многу често можеме да ги видиме и на нашите улици.
https://www.instagram.com/p/BiR5QR-hOWd/?utm_source=ig_embed
Меланија VS кралиците Летиција и Ранија
Инаку, пред нешто повеќе од месец дена и кралицата Ранија која исто така е позната по тоа дека ги следи модните трендови, при посетата на еден детски центар во близина на главниот град на Јордан носеше слично опуштено издание со панталони кои потсетуваат на тренерки.
И тоа не беше единствената кралица која се прошета во вакви панталони – претходно и шпанската кралица Летиција, во октомври 2016, се појави во темносини панталони со бела линија кои беа со потписот на Хуго Бос и кои ги комбиниаше со сатенска кошула во слична нијанса од Манго.