Состојки: 320-350 гр брашно, 200 мл млеко, 20 гр квасец, малку масло, 1 лажичка шеќер, сол.
Прелив: 2 лажици брашно, половина лажичка сол, 1 лажица масло, малку вода. Подмачкајте ја тавата и оставете го тестото да се крене околу 45 минути на собна температура.
Развлечете го тестото и исечете долги ленти кои ќе ги засукате во ролни. Наредете ги во сад за печење на хартија. Покријте да се крене и премачкајте со жолчка од јајце. Посипете сусам или семки и печете ги околу 15 минути на 220 степени.Додека стапчињата се печат, направете го прелиовот. Измешајте брашно со масло, додадете сол и истурете вода и направете го тестото малку подебело отколку за палачинки.
Извадете ги стапчињата што се малку жолти и потоа прелијте ги и печете уште 15 минути за да добијат убава жолт боја.