Реклама
LIFESTYLEВирално

Медицинска сестра посвои девојче кое со месеци било само во болница

Реклама

За девет месеци никој не дојде да ја посети.

Лиз Смит, директор на медицинските сестри во детска болница во Брајтон, Масачусетс, отсекогаш сонувала да биде мајка.

Дури и по прекинувањето на долгогодишната врска, таа се обидела на различни начини да го оствари нејзиниот сон. Но, по неуспешното  ин витро оплодување, таа почнала да  ја губи надеж.

Маркетинг

“Да се ​​стане медицинска сестра беше лесно, но да се стане мајка не е. Ги турнав тие мисли и се занимавав со работата”, Смит го опиша начинот на кој таа се справи со ситуацијата во која се најде.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217587881908827&set=a.1627023795422&type=3&theater

Маркетинг

Сепак, како што беше откриено во интервјуто за шоуто Денес, сè се промени откако се приклучи на болница во Бостон.

Еден ден во болницата пристигна мало девојче на кое му требаше итна помош.

“Веднаш ја прашав медицинската сестра која е овој  прекрасен мал ангел”, раскажуваше Лиз за првата средба со Жизел.

Имено, мајката на девојчето била зависник од дрога, таа сè уште кога била трудна малата Жизел ја изложила под влијание на кокаин и хероин а по нејзиното раѓање барала посебна грижа за целосно да се опорави. Но, родителите воопшто не ги интересирало девојчето. Пет месеци никој не ја посети во болницата и требаше да биде испратен во згрижувачко семејство.

https://www.facebook.com/FranciscanChildrens/videos/332633457360298/?v=332633457360298

Лиз ја одвела дома и секојдневно поминувала по 16 часа хранејќи ја преку посебни цевки. Откако ја негуваше со недели, сфати дека таа се плаши  од мислата дека може да ја изгуби. Потоа и стана јасно дека  на Жизел сака да и обезбеди домот што го заслужува.

Девет месеци откако Смит почна да ја негува Жизел, државата ги прекина родителските права на биолошките родители и ја отвори можноста да стане нејзина мајка.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217716641167728&set=a.1627023795422&type=3&theater

Денес Жизел има две години и сè уште се храни преку специјална цевка, благодарение на љубовта и грижата Лиз Смит, девојчето прави голем напредок и сега сите ја препознаваат од нејзината заразна насмевка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button