Реклама
Вирално

Медицинска сестра искрено проговори со што се соочува: Сакам да бидам со своите деца, но не можам додека не заврши ова

Реклама

Џеј Шорт е медицинска сестра од Велика Британија, која се грижи за пациентите со коронавирус и секој ден ставува за своите деца. За да не ги зарази таа децата ги преселика кај својата мајка и сега ги гледа само преку стакло неколку минути дневно.

Нејзината објава на Фејсбук заедно со фотографијата за тоа како изгледаат нивните средби ги трогна срцата на многумина на оваа социјална мрежа.

„Ова е моето семејство, моите два сина, ќерката и партнерот. Вака ги гледам овие денови, низ прозорец, неколку минути дневно. Работам како медицинска сестра, а мојата ќерка од раѓање има проблем со белите дробови. Поради бројните потврдени случаи на зараза со кои бев во контакт, како и со колегите кои имаат симптоми, морам да се тргнам неколку месеци од своите деца. Ова е најтешката одлука што ја донесов. Не сакам да ги оставам, но тоа значи дека би била себична. Срцето ми е скршено“, напиша таа.

Маркетинг

Таа објаснува дека ризикот е преголем и ги замоли сите да останат дома за оваа ситуација да заврши што поскоро.

„Го  оставам своето семејство за да можам да се грижам за другите. Го ризикувам своето здравје, но нема да го ризикувам нивното. Ве молам. Буквално ве проколнувам: останете дома. Почитувајте ги правила. Ова не се празници. Ова ги убива луѓето. Не чекајте да умре некој кого го сакате па тогаш да сфатите дека сте можеле тоа да го спречите. Седум мои колеги се жртви на вирусот. Ве молам да помогнете, сакам да бидам со своите деца, во својата куќа, да ги бањам, гушкам и бакнувам. Но не можам додека не се заврши ова, а ќе се заврши кога јавноста ќе почне да обрнува внимание на тоа што се случува во светот“, порача Џеј.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button