Реклама
Холивуд

Медиумите не престануваат да зборуваат за овие високи потпетици на Колинда – такви носи и секоја втора дама во Македонија

Реклама

Медиумите не престануваат да зборуваат за последното издание што хрватската претседателка го носеше при посетата на Париз.

Имено, таа неодамна присуствуваше на церемонијата на која се одбележуваше 100 години од завршување на Првата светска војна кога медиумите го следеа секој нејзин чекор. Со посебно интересирање беа дочекани нејзините модни комбинации, а најмногу подигна прашина кога се појави во преубаво дневно издание – елегантниот капут со А-крој во неутрална боја на праска под кој носеше едноставен деловен фустан во иста нијанса, а целото издание посебно го подигна со нејзиниот интересен избор на високи потпетици.

Маркетинг

Имено, Колинда одлучи да ризикува и да го испрати последниот крик на модата, па се појави во салонки со животински дезен какви веруваме би посакала и секоја трендсетерка во Македонија, иако според многумина изгледаат кич и Колонда ги носеше во погрешен момент.

Маркетинг

Во прашање е дезен кој дефинитивно важи за еден од најголемите трендови за оваа сезона, а тоа можеме да го видиме и од колекциите на познатите брендови кај кои животинските дезени можете да ги сретнете на најразлични модели, од фустани и капути до високи потпетици. Но според коментарите на социјалните мрежи, Колинда во ова издание изгледа само како бледа копија на Меланија Трамп, првата дама на САД, која исто така многу често носи впечатливи салонки со високи потпетици.

Што мислите вие?

Поврзано

Back to top button