Меган Маркл се појави на еден настан организиран од фондацијата на која кралицата Елизабета е главен спонзор. Оваа фондација соработува со бројни организации за да стигне до младите луѓе ширум светот и да ги поддржи оние кои се од најранливи категории. Овој пат убавата војвотка од Сасекс, на панел дискусијата ги здружи силите со Ени Ленокс, моделот Адво Абоа, поранешниот премиерка на Австралија, Џулија Гилард, познатата новинарка и активистка Ени Мекелвој и Анџелина Муримирва, директорка на голема компанија, за да го одбележат Меѓународниот ден на жената.
Со ова поранешната актерка покажа дека не сака да се повлече од јавноста до последниот ден од бременоста, но и дека се уште преферира кратки фустани. Имено, таа на настанот се појави во модел од бренд „Reiss“, а дека го направи вистинскиот избор кажува и тоа што и неколку дена по ова нејзино издание, модните магазини се уште зборуваат за него.
Војвотката од Сасекис преку фустанот носеше темно сако од Александар Меквин, чанта со потписот од Стела Макартни и црни салонки од Маноло Бланик.
https://www.instagram.com/p/BuwJe2fF7_3/
Инаку, трибината започна откако бремената војвотка истиот ден претходно беше прогласена за потпретседателка на една од најголемите фондации на кралицата „Queen’s Commonwealth Trust” чиј претседател е принцот Хари.
https://www.instagram.com/p/BuwCjWbls4c/
Во својата нова улога, Меган, која е во осми месец од бременоста ќе воспостави партнерство со младите ширум земјите од Комонвелтот, а посебно ќе работи на поддршката на жените и девојчињата.