Холивуд

Меган Маркл се скара со својата најдобра пријателка – беа многу блиски, а ова е причината поради која сега речиси НЕ зборуваат

Advertisement

Познатата актерка беше сериозно повредена бидејќи Меган Маркл не го почитувала нејзиниот значаен ден, па затоа одлучила да и врати со иста мера.

Advertisement

Имено за време на својата прва посета во Њујорк, пријателките на новопечената војвотка Меган Маркл организираа дарување за нејзиното бебе. Но поранешната актерка беше изненадена од фактот што на прославата не дојде една личност.

Иако беше на листата на поканети, една од најубавите жени на светот и нејзина блиска пријателка, Пријанка Чопра, не се појави на оваа забава. Тоа беше доволно за да медиумите веднаш почнат да шпекулираат дека двата дами веќе не беа толку блиски како некогаш, иако Чопра беше на венчавка на Меган и принцот Хари во мај минатата година, како една од малкуте поканети од страна на невестата.

Advertisement

Извори блиски до убавата актерка велат дека причина за ова е фактот дека Меган Маркл одби да се појави на свадбата на Пријанка и Ник Џонас, што се одржа во декември во Индија. Овој факт сериозно му наштети на нивното пријателство, и многу ја повреди Пријанка.

 

„Нивното пријателство ќе прекине доколку Меган не се извини. Пријанка е голема интернационална ѕвезда и веројатно попозната во светот од Меган. Бидејќи таа не се појави на нејзината свадба, Пријанка мисли дека Меган всушност покажа дека воопшто не ја почитува, како и нивното пријателство “, изјави извор за странските медиуми.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button