Меган Маркл никогаш НЕ изгледала подобро – „трудничко“ издание со кое убавицата ги руши границите на кралската мода
Посебен гостин на настанот организиран од Британскиот моден совет оваа година беше војвотката од Сасекс.
Нејзиното појавување на доделувањето на британските модни награди беше добро чувана тајна, па сите беа изненаден од присуството на 37-годишната убавица. Меган Маркл ја додели наградата за најдобар британски моден дизајнер за жени во 2018 година на Клер Вајт Келер, креативната директорка на познатата модна куќа Живанши.
Токму оваа дизајнерка ја дизајнираше нејзината венчаница, но исто така и многу парчиња облека што војвотката ги носеше по големата свадба. Така и на доделувањето на наградите се појави во фустанот на модната куќа на Живанши. Во прашање е прекрасен црн фустан со отворени раменици направен од кадифе кој стоеше беспрекорно и го откри нејзиното бремено стомаче. Елегантниот фустан Меган го „фураше“ со впечатлива златна нараквица од „Pippe Small“ и децентни обетки. Таа ги изненади сите и со лакот за нокти.
https://www.instagram.com/p/BrOWQ_eA2wA/?utm_source=ig_embed
Имено, најистакнатите дами од кралското семејство, како што е Кетрин Мидлтон на пример, никогаш јавно не се појавува со темна нијанса на боја, бидејќи тоа не го одобрува кралицата Елизабета II, туку само светли нијанси.
https://www.instagram.com/p/BrPN00BHnKQ/?utm_source=ig_embed
Така Меган со изборот на овој многу сензуален труднички фустан со смел лак на ноктите повторно ги помести границите на кралската мода и донесе малку стилска свежина меѓу членовите на кралското семејство.
https://www.instagram.com/p/BrOfpbuHKiB/?utm_source=ig_embed