Не поминаа ни две недели откако Меган Маркл и принцот Хари објавија дека се повлекуваат од должностите на кралското семејство, а медиумите шпекулираат дека Меган веќе доби нова работа.
Имено, војвотката од Сасекс својата актерска кариера ја остави на пауза пред да се омажи за Хари, а според најновите текстови во странските медиуми, Меган не издржа долго време без својата омилена професија. Наводно таа потпишала договор со американската филмска продукциска куќа Дизни.
Таа се согласила својот глас да му го позајми на анимиран лик, а Дизни за возврат ќе донира значителна сума за хуманитарни организации за заштита на слонови. Обожавателите се надеваат дека овој чекор наговестува дека Меган во иднина би можела да се врати на малите и големите екрани.
Меган пред да се омажи за принцот Хари имаше успешна актерска кариера, а посебно беше позната по улогата на Рејчел во планетарно популарната серија „Suits“.