Реклама
Холивуд

Меган Маркл заблеска во уште еден фустан во кој и се гледа стомечето – војвотката повторно го сруши интернетот (фото)

Реклама

Официјалната страна на брендот беше срушена по големата навала на обожавателките по нејзиниот фустан од целиот свет.

Меган Маркл и принцот Хари во моментов се на својата прва меѓународна турнеја, а по краткиот престој во Сиднеј, војвотката и војводата од Сасекс заминаа во Мелбурн. Таму за премиерната посета поранешната американска актерка носеше совршено кроен морнарско син фустан со потписот на австралиската дизајнерка Дион Ли, во склоп на третиот ден на кралската турнеја, пред да скокне во црниот со копчиња, кој го потпишува њујоршкиот бренд „Club Monaco“.

Маркетинг

Трудницата фустанот го носеше со стилето салонки од Маноло Бланик во идентична боја со фустанот и класичен беж мантил од Мартин Грант во какво веќе имавме прилика да ја видиме во вторникот за време на посетата на зоолошката градина (мантилот можете да го видите тука).

https://www.instagram.com/p/BpELtXkB13y/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_script

Маркетинг

Во рацете Меган носеше скапоцена чанта Sylvie со метални ремени. Во прашање е модел од италијанската модна куќа Гучи. Нешто подоцна, Меган на плажите во Мелбурн во друштво на принцот Хари се појави во црн фустан со детали од златни копчиња кои стоеја странично – дело со потписот на њујоршкиот бренд „Club Monaco”.

https://www.instagram.com/p/BpEOp1RlCpN/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_script

Црниот фустан со потписот на овој бренд е еден од поевтините модели во кои имавме прилика да ја видиме Меган на актуелната турнеја. И како што беше случајот и со белиот фустан (види тука), официјалната страна на „Club Monaco” повторно беше срушена поради преголемата посетеност и побарувачка од целиот свет за фустанот со кој Меган се појави во главниот град на Австралија.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button