Војводата и војвотката од Сасекс неочекувано се појавија во Вембли Арената во Лондон, каде што се одржуваше хуманитарен настан „WE Day“, кога ги изненадија присутните.
Принцот Хари на настанот одржа говор, а на сцената, потоа му се придружи и неговата бремена сопруга, Меган Маркл, која за оваа прилика избра поприлично лежерен стил со кој совршено го прекрши едно застарено модно правило.
Имено, убава војвотката носеше црна маица, фармерки и салонки со високи потпетици, а целото издание го заокружи со сако во кралската сина нијанса и покажа дека комбинацијата на овие бои која некогаш се сметаше за моден невкус, всушност изгледа многу елегантно и шик.
Таа, исто така, не импресионираше и со нејзината совршено исфенирана коса, која овој пат за промена ја носеше пуштена и изгледаше прекрасно.
Покрај поранешната актерка, на сцената се појави и моделот Наоми Кемпбел и пејачката Никол Шерцингер, кои исто како и принцот Хари, одржаа говор.
Црниот Пантер за оваа прилика ја „фураше“ својата омилен перика и беше облечена во преубав асиметричен фустан во боја на цигла, додека поранешниот член на бендот „Пусикет Долс“ со своето прекрасно издание со широки панталони и кратка маица со тенки, црвени риги не потсети на неодоливиот шик на француските жени.
Па, кое од овие три издание ви се допаѓа најмногу?