Реклама
Вирално

Мајките во паника поради вирозите во градинките и училиштата: Уште еден ВАЖЕН симптом укажува на ковид-19

Реклама

Одредени симотоми, како покачена температура или кашлање, заеднички се на широк спектар на болести кои не се ковид-19, но болеста предизвикана од новиот коронавирус има неколку препознатливи симптоми кои не ги делат ниту грипот, ниту алергиите ниту настинката.

Најчести симптоми на ковид-19, болеста предизвикана од коронавирус, се температура, кашлање, отежнато дишење. Листата на симптоми исто така вклучува затнат нос или течење на носот, мачнина и пролив. Овие исто така се вообичаени симптоми на настинка и грип, па многу тешко може да се одреди за каква болест станува збор. Овие денови владеат вирози, во училиштата и градинките и зголемен број на деца имаа респираторни инфекции, но сепак година и најмала температура носи загриженост. Збунети се и родителите, и наставниците но и лекарите – блага болест која обично поминува без потреба да се оди на лекар, во рок од 3-4 дена, сега секојдневно се заканува со ново заклучување на одредени градинки и училишта.

Маркетинг

Симптомите на грип се појавуваат ненадејно, а не постапно, а вклучуваат температура, главоболка, болки во мускулите, кашлање, запек и течење од носот или затнат нос.

Симптомите на настинка може да бидат слични на грип, но главно се благи и вклучуваат кашлица, течење на носот и воспаление на грлото. РСВ или респираторниот вирус на настинка е посебна состојба која кај постарите деца може да предизвика симптоми слични на настинка, но кај доенчињата може да предизвика сериозно воспаление на белите дробови кое се нарекува бронхитис.

Маркетинг

Симптомите на сезонските алергии се кивање, надразнетост на грло или болка, затнат или растечен нос, црвенило на очите… Не е секогаш лесно да се утврди дали вашето дете е настинато или има алергија, но ако нема температура и симптоми кои траат една недела или подолго, веројатно станува збор за алергии.

Спротивно на тоа, симптомите единствени за ковид-19 вклучуваат губење на сетилото за мирис или вкус, што доживеале и до 85 % од заразените луѓе. Истражувањата покажуваат и тоа како 50% од луѓето со ковид-19 имаат потешкотии со дишењето. Ако некој од вашето семејство доживее било кој од овие два симптоми време е да повикате доктор и да закажете тест на коронавирус. Уште еден многу редок симптом, кој исто така го разликува ковид-19 од настинка, грип или алергија, се лезии на кожата на ножните прсти или рацете, а може да се јави и кај децата и кај возрасните со вирус.

За да преземете се за во престојните месеци да останете здрави, ова се препораките од лекарите:

  • Вакцинирајте се против грип. Здравствените власти предупредија дека ковид-19 и грипот имаат потенцијал да создадат „твиндемија“ оваа есен, па најважно оваа сезона е да се набави вакцина против грип.
  • Вообичаеното миење на раце, заедно со честото чистење и дезинфекција на површините ќе придонесат за заштита на вашето семејство од заразните болести, вклучувајќи го новиот коронавирус, грипот и настинката.
  • Носете маска, колку и да ви пречи. Носењето маска е главна препорака на експертите за јавно здравје за спречување на ширењето на коронавирусот.
  • Ограничете ја изложеноста колку што можете. Тоа не значи дека мора да се изолирате во домот, но не одете на места каде се собираат многу луѓе – што не е нужно потребно, избегнувајте. Ако се движите меѓу луѓето, преземете мерки максимално да се заштитите: држете дистанца, не мора да се гушкате ако не е нужно.

Поврзано

Back to top button