Вести

МАЈКА (27) И ЌЕРКА (4) настрадаа на пат кон градинка: Ги уби АУДИ КОЕ се тркаше со БМВ!

Advertisement

Млада мајка и нејзината ќерка загинаа во страшна несреќа додека оделе кон градинка, откако во нив удрил возач на „ауди“ кој се тркал со друго возило.

27-годишната Џастин Халбаџ и нејзината 4-годишна ќерка Лена Чепчор загинаа во понеделник наутро додека се движеле по тротоар, неколку моменти пред белото „ауди“ да удри во ѕидот на автосалон во Лидс, Велика Британија. Полицијата соопшти дека мајката и детето биле удрени од автомобил кој се тркал со „БМВ 135“, објави „Дејли мејл“.

Advertisement

Вработените во салонот истрчале да го пронајдат телото на девојчето, кое по ударот било фрлено во воздух.

– Слушнав како „Ауди ТТ“ минува на црвено. Потоа полета по патот. Не ја видов несреќата. Но, тогаш настан пекол – рече еден работник.

– Возачот бил на семафор и турирал. Тргна и на 200 метри по патот удри две лица на тротоар – изјави друг работник.

Еден сведок изјави дека по несреќата „недостасува целиот преден дел на аудито“ и дека жената и детето биле пешаци кои се двиќеле по тротоарот.

Локалните жители претходно изјавија дека возачите го користат блискиот автопат А61 како „тркачка патека“, игнорирајќи ги ограничувањата на брзината и забрзувајќи по прометните ленти. Сообраќаен службеник кој бил на лице место изјавил дека ова е најлошиот инцидент што го видел.

Три лица се уапсени поради сообраќајна несреќа во Лидс. Двајца мажи на возраст од 26 и 34 години се уапсени поради предизвикување смрт со опасно возење и остануваат во притвор, додека 65-годишна жена е уапсена поради помагање на престапник. Ослободена е со кауција, потврди полицијата.

„Дејли мејл“ наведува дека луѓето во вторникот попладне на местото на трагедијата оставиле куп цвеќиња, плишани мечиња и свеќи. Пријателите на семејството изразија сочувство за смртта на мајката и детето.

„Ова е шокантно. Девојчето одеше во училиштето на ќерка ми, која е многу тажна поради ова“, напиша еден од нив на Фејсбук.

Возачот на аудито е пренесен во болница и се лекува со повреди кои се опишуваат како сериозни, но не се опасни по живот. Полицискиот инспектор Пол Конрој изјави дека ова е „трагичен инцидент“ и дека полицијата „работи на поддршка на семејството на мајката и детето“.

– Веќе разговаравме со неколку сведоци, но сакаме да разговараме со секој кој бил сведок на самиот судир или на настаните што доведоа до него. Исто така, ги замолуваме сите кои биле во околината во моментот на судирот да ги проверат своите снимки од камерите во возилото – рече тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button