Мајка посвои ќерка, па ги шокираше сите со изјавата: „Не ја сакам како биолошкото дете”
Признавањето на една мајка на „Reddit“ многумина ги шокираше. Мајката која сакаше да остане анонимен откри дека повеќе ја сака својата биолошка ќерка, отколку посвоената.
„Мојот сопруг и јас отсекогаш знаевме дека сакаме да посвоиме дете, што го направивме кога нашата биолошка ќерка имаше две години. Многу сакавме деца, бевме финансиски стабилни и немавме никакви пречки да не го сториме тоа, така што во нашиот живот дојде малата Чарли “, вака оваа мајка ја започна својата приказна.
„Од самиот почеток ја забележав разликата во љубовта што ја чувствував кон мојата биолошка ќерка и онаа што ја чувствував за Чарли. Ја сакав, но чувствував како да не го држам моето бебе, туку бебето на пријателот, а мојот сопруг се чувствуваше исто, но тој беше убеден дека сè ќе се промени со тек на време “, рече таа.
„Сепак, и три години подоцна ништо не се смени, Моите чувства остануваат исти, неодредени. Не ме разбирајте погрешно, ја сакам ќерката многу, но не на ист начин како што ја сакам биолошката ќерка”, вели таа.
Повеќето луѓе не ја осудија за таа исповед, но имаше и такви кои ѝ порачаа дека ова не е нормално. „Се надевам дека оваа девојка никогаш нема да дознае што чувствувате за неа”, коментираше еден татко.
„Нормалните посвоители ги сакаат своите посвоени деца колку и нивните биолошки родители”, додаде тој.
Но се јавија некои посвоени деца кои напишаа дека знаат што чуствува , бидејќи и самите го доживеале истото.