Реклама
Новости

Мајка освоила 2,7 милиони евра на лото: Еве на што ќе ги потроши парите

Реклама

Една мајка заработила 3 милиони долари откако случајно купила ливче за Оз Лото.

Жената сосем случајно го купила победничкото ливче во Тобако во Тари во северниот брег на Нов Јужен Велс и имала во план да купи уште едно ливче во средата.

Но, кога сфатила дека платила за QuickPick од 12 натпревари во Оз Лото наместо вообичаениот лотариски билет, решила да остане само на него.

Маркетинг

Испаднало дека жената е единствената добитничка на ждрепката во Оз Лото 1508, и освоила цели 3 милиони долари (2,7 милиони евра).

ФОТО: Принтскрин

„Неверојатно е. Тоа е извонредна сума на пари“, изјави таа.

Маркетинг

Таа рече дека не можела да заспие откако ги видела добитните броеви и мислела дека сигурно станува збор за грешка.

„Обично не купувам Оз Лото, може да се каже дека сум купила само два пати во животот”.

„Но, пред некој ден, го земав мојот вообичаен билет и случајно побарав ливче за ждрепката во вторник наместо за среда.

ФОТО: Принтскрин

„Откако тикетот беше испечатен, сфатив дека е погрешен, но сметав дека сепак треба да го задржам“.

„Мило ми е што го направив тоа“.

Таа рече дека ќе ги искористи неочекуваните пари за да плати за реновирање на домот и да помогне во подигањето на своето семејство за иднината.

ФОТО: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button