Мајка од Македонија плаче пред камерите и моли за помош – трогателно видео, немаат ни за корка леб (видео)
Како што вели оваа мајка, едно парче леб го јаде три дена заедно со нејзината тригодишна ќерка
Бројните вакви видеа што ги објавуваат нашите медиуми покажуваат колку нашиот наро е сиромашен и гладен.
Во било кој град во Македонија секојдневно може да се види глетка како луѓе кои немаат ни за корка леб, собираат остатоци храна по контејнерите, што е поразително за сите нас.
Впрочем за тоа колку сме сиромашни зборуваат бројните видеа што ги објавуваат нашите медиуми за луѓе кои останале заборавни од сите.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Револушан продакшан, Срце на дланка
Од ден на ден сé повеќе луѓе во Македонија се соочуваат со немаштија, но и не се во можност да живеат пристоен живот.
Едно такво трогателно видео денес гледаме и на телевизија Алфа во емисијата Срце на дланка, за една жена која изгубила се во животот.
Таа некогаш била силна, моќна и самоуверена жена, но денес Лејла Бакал е самохрана мајка на едно тригодишно девојка.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Револушан продакшан, Срце на дланка
Таа денес е на улица со својата ќерка и се моли за помош да најде работа и да може да живее некаде под кирија.
Како што вели оваа мајка во емисијата „Срце на дланка“ на Алфа ТВ, во 2014 година заминала за Турција, каде била успешна жена. Имала свој стан, кој го земала со кредит и сама го плаќала, имала и кола.
Но проблемите ќе започнат откако ќе го запознае човекот со кого ќе ја добие ќерката, кога целиот живот ќе и се преврти наопаку.
Таа заради него пропаднала, го изгубила работното место, автомобилот, се што со многу работа и пот стекнала во Турција.
Таа останала бремена, а таткото на нејзиното дете завршил во затвор, претходно не кажувајќи и ги проблемите што ги имал.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Револушан продакшан, Срце на дланка
Таа до скоро била под кирија, но бидејќи не може да најде работа, дошла да живее кај својата сестра, во мала трошна куќа.
На ќерката еден ден претходно и бил роденден, но бидејќи нема никакви средства не го славеле, освен што и ја испеала песната.
Мајката со солзи на очите вели дека најтешко и е тоа што нема никакво услови да и пружи на својата ќерка, и тоа ја убива.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Револушан продакшан, Срце на дланка
Размислувала и за самоубиство, кога и било најтешко, а сега се надева дека ќе најде хумани луѓе што ќе и помогнат.
Оваа мајка се надева дека ќе успее да најде работа, со која ќе може да почне да плаќа кирија и да се грижи за својата ќерка.
Трогателното видео за оваа жена погледнете го во продолжение…