Реклама
MAMAДом и семејство

Мајка НЕ ги сака синовите на својата најдобра пријателка на прослава – „Нејзините деца се ужасни. Нема шанси да ги поканам!“

Реклама

Само затоа што ги сакаш твоите пријатели не значи дека треба да ги сакаш и нивните деца. Понекогаш, дури и најдобро воспитаните деца може чудно да се однесуваат во некои ситуации.

Во една слична  ситуација, се најде една мајка која има проблемот со децата на нејзината долгогодишна пријателка, бидејќи тие, како што вели, многу лошо се однесуваат со нејзините деца.

Маркетинг

Нејзиниот син наскоро ќе слави роденден,  а таа не сака да ги покани децата и нејзината пријателка. Но, таа е свесна дека, ако не го направи тоа ќе го уништи нејзиното долгогодишно пријателство со нивната мајка.

„Минатата година, нејзиниот најстар син ја удри ќерката на една наша заедничка пријателка и сите бевме во шок”, рече таа наведувајќи само еден пример зошто не сака да ги покани на роденденската забава.

Маркетинг

„Освен тоа, на една друга забава, нејзиниот втор син се измоча во замокот каде децата играат наместо да оди во тоалет. До крајот на денот никој не играше во него. Додека сите деца играа, нејзините три сина го користеа секој момент да ја уништат забавата “, додаде таа.

„Роденденот доаѓа наскоро и не ги сакам нејзините деца во мојата куќа, навистина не ги сакам, што да правам, а таа ми е драга пријателка “, прашува таа, споделувајќи го проблемот со други мајки кои и порачаа:

„Вашата пријателка ќе направи грешка ако тоа нешто ви го уништи вашето пријателство. Таа треба да реагира на лошото однесување на нејзините деца”, напиша друга мајка.

„Обидете се да седнете со неа и да разговарате и да објасните со убаво, можеби таа ја изгубила контролата врз децата и не може да ја види. Ако тоа нешто ја лути, тогаш подобро е да се прекине пријателство”, искоментира друга мајка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button