Мајка на четири деца пронајдена како лежи мpтва покрај својата ТРИГОДИШНА ќерка, откако не дошла во училиштето!
Мајката била пронајдена откако не дошла во училиштето по останатите деца од кои едното има аутизам…
Здрава и права 29-годишна мајка на 4 деца пронајдена мpтва покрај нејзината 3-годишна ќерка откако не ги земала останатите деца од училиште
Никол Барнс, 29, е пронајдена мpтва на софата во нејзиниот дом во Хајтoн, Мерсисајд, во Англија. Покрај неа била нејзината 3-годишна ќеркичка Дилајла, неповредена. Никол е пронајдена откако наставниците на останатите деца го контактирале нејзиниот партнер Крег Шарнок (36) бидејќи Никол не дошла да ги земе децата од училиште.
Причината за cмpт на младата мајка останува непозната додека семејството ги чека резултатите од аyтопсијата.
Крег сега останува сам со нивните четири деца Дилајла (3), Ниеве (10), Скот (7) и Том (5), кои треба да го продолжат животот без саканата мајка.
Пријателката на Никол, Џема се обидела да ја peанимира додека ја чекала брзата помош, но веќе било предоцна.
Причината за ненадејната cмрт на младата мајка се уште не е позната. Семејството вели дека таа била здрава, права, и никогаш немала никакви здравствени проблеми пред трагедијата.
Погледнете ја галеријата
Никол Барнс со едно од нејзините деца
За трагедијата да биде поголема, таткото на децата Крег неодамна останал без работа и сега не знае дали воопшто ќе може пак да работи бидејќи сега е самохран татко на четири деца, од кои едното е аyтистично.
Братучетката на Никол, Ким Џовет, отвори страница за собирање средства за да му помогне на Крег и децата.
Таа објаснува дека Никол ја земала Дилајла од градинка во 11.30 часот и требала да оди да ги земе останатите деца од училиште. Едноставно починала на софата. Била здрава како дрен. Никол била неверојатна мајка чиј живот бил посветен на нејзините деца. Постојано се борела со проблеми поради тоа што нејзиното петгодишно дете има аyтизам, но не се откажувала. Се борела упорно додека детето не добило сè што му е потребно.
За помош на четирите деца на Никол кои останаа без мајка е отворена страница на Gofundme, преку која досега се собрани околу 15000 фунти.
Фото: Фејсук/ Никол Барнс
Фото: Фејсук/ Никол Барнс
Фото: Фејсук/ Никол Барнс
Фото: Фејсук/ Никол Барнс