Мајка му на Игор Џамбазов беше една од најдобрите актерки – исплови фотографија од нејзината младост, еве како изгледаше

Актер, забавувач, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец.
Тоа се сите таленти собрани во еден човек – Игор Џамбазов.
Роден е на 15 јули 1963 во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко.
Џамбазов започнал со актерката професија уште на 6-годишна возраст со улога во филмот Македонскиот дел од пеколот.

Уметничката атмосфера која владела во семејството Џамбазови мошне рано го внела во светот на музиката.
Благодарение на своите извонредни уметнички и сценски перформанси Игор Џамбазов бил трипати е прогласуван за Најпопуларно ТВ лице на годината, 2 пати за
Артист на годината и 6 пати за Водител на годината и не случајно го доби епитетот – „македонскиот шоумен“.

Македонската јавност го обожаваше како водител на Бинго. Не постоеше човек кој не гледаше Бинго токму поради него и неговата хостеса, убавата манекенка Натали Грубовиќ.
Улога во државното Бинго (на Лотарија на Македонија) му донесе огромна популарност и повторно го вратила во светот на музиката.
Игор и Натали беа најпознатото водителско дуо кое со години ја забавуваше целата јавност.
Заедно ги водеа популарните игри на среќа „Џандар збира“, „Супер Бинго“ и „Тркало на среќата“.

Џамбазов потекнува од популарно семејство.
Неговиот татко Александар Џамбазов беше долги години во брак со актерката Анче Џамбазова, која по-чина во 1997 година.
Плод на нивната љубов се нивните деца Игор и Тања Џамбазови.
Маестро Џамбазов во интервју за ММС кажа дека по загубата на Анче му било мноу тешко, што дури сакал и да се caмоу ие, но единствено нешто што го одржува во живот се неговите деца Игор и Тања.

-Да, да, славам 58ми роденден.. Хахахах Ако ги свртиш бројките обратно. А како славам? Па јас сум затвореник, не излегувам од дома или тоа е многу ретко. А што ќе славам. Мојот живот без Анче е трагикомедија. Јас сум медицински феномен. Имам шекер веќе 25 години и за овие години на контрола не сум отишол.
На мојот псохофизички феномен што го имам во себе не му веруваат докторите, не сум бил 24 години на контрола а 22 години не сум го мерел шеќерот.

„Да, да 24та година како примам инсулин а не сум бил на контрола. Јас сум навистина некој медицински феномен, бидејки вакво нешто во областа на дијабетисот не е можно. Зошто? Само затоа што ме држи љубовта кон Игор и Тања. Тоа ме одржа во живот. Инаку без Анче немаше да преживеам!“, изјави во своето интервју татко му на Игор.
Игор деновиве објави фотографија од неговата мајка и неговиот дедо од насловна страница на ревијата „Екран“ од далечната 1970 година и објасни:
„Тоа беше престиж, да си на насловна на ‘Екран’ Јас сум бил скоро дваесет пати, и секогаш по малце сум се подмо*нувал во гаќи од среќа…“, напиша Игор.

Тој на социјалните мрежи често споделува ретро фотографии од неговото семејство кои никој досега никогаш не ги видел.

Најмногу внимание привлече последната фотографија од целото негово семејство на едно место.
„Последната заедничка фотографија…1993…тато, мама, баба и дедо 5-ре…,“ напиша Игор во описот.

Фотографијата буквално го запали Инстаграм и сите беа воодушевени.

Игор и понатаму е омилен водител на Македонците, кои велат дека не постои друг како него кој може така да го задржи вниманието на публиката.
Игор долго време е повлечен од телевизиските екрани и посветен е само на глумата, а и пандемијата си го направи своето, па тој целосно се повлече од камерите и ужива во природните убавини заедно со неговата партнерка алпинистката, Илина Арсова. Што и да направат, каде и да отпатуваат нивниот чекор будно се следи.

Игор и Илина воопшто не мируваат и постојано се негде и уживаат во природните убавини на нашата земја.
Фотографии од нивните авантури постојано споделуваат на социјалните мрежи.
Иако Игор кон крајот на 2019 година изјави дека во неговиот живот повеќе нема место за жените, по разводот со неговата поранешна сопруга Искра Канзурова, е чини дека нештата се промениле и Илина навлезе длабокот во неговото срце, па актерот сега зрачи со љубов.

Тој во едно интервју за естрадниот магази „Бекстејџ“ откри како се запознале со Илина.
„Се запознавме уште пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе. Потоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација.
По неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време, сè додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а после тоа сè е историја“ – раскажуваше тогаш Џамбазов.














