Мајка му е фолкерка, а тој ќе биде еден од најголемите „Гранд ѕвезди“ од Македонија за која уште долго време ќе се зборува (фото)

Во срцето рокер, но ако треба ќе запее и фолк

Македонскиот пејач од Охрид, Александар Јосифовски, ги воодушеви сите со својот талент во Ѕвездите на Гранд.
Тој и оваа година е дел од шоуто, а со дуелот заедно со колегата Едис Агиќ освоија максимален број на гласови.
Саша Поповиќ директно ги испрати и двајцата во следниот круг, со што и двајцата беа изненадени од неговата одлука.
Тие по настапот им одговараа на прашањата на новинарите од Гранд, а открија дека би можеле да запеат и фолк.

„Можеме малку и да измешаме“, одговори Јосифовски на прашањето дали во некој од следните кругови би запеал народна песна.

Но како што и самите потврдија, Александар и Едис сепак не би се откажале од својата омилена музика, иако пред камерите во бекстејџот звучеа одлично и додека пеат познати фолк песни.

Инаку, Александар е син на познатата македонска фолк-пејачка Елизабета Неданоска-Јосифовска која уште во 1996 година со песната насловена како „Ем го мразам, ем посакувам“ со која настапи на фестивалот Тримери во Струмица ја освои македонската публика.

Токму таа го натера да се пријави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а му вети дека ако го направи тоа ќе се врати во Македонија и ќе сними песна.

Имено, таа веќе неколку години живее во Австралија, но со својот сопруг беше во Белград и цело време му даваше поддршка на својот син.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
