МАЈКА МИ плачела, сме биле во многу лоша ситуација- Стефан ЛАЗАРОВ отворено зборува за безрезервната љубов кон родителите
Тие се најдобрите луѓе што ги познавам! Благодарение на нив сум ваков човек, вели водителот
Најпопуларниот македонски јутјубер Стефан Лазаров, многу пати покажал јавно колку го почитува и вреднува своето семејство.
Често-пати ги става на пиедестал своите родители и преку јутјуб видеата, па така јавноста може да ја забележи нивната приврзаност и љубов која ја имаат.
– Мене ме растеле со многу внимание, со многу разбирање… сме разговарале на сите теми. Никогаш не сум удрен, моите не ме тепале, никогаш не сум осетил нешто такво, вели во интервју за „Репортер“.
Маркетинг
Посебно внимание кај народот привлече тоа што тој направи традиционална свадба. Впрочем, неколку дена пред свадбата на едно видео тој рече:
Нормално дека ќе правиме традиционална свадба, со македонските традиционални обичаи , па ако ние не си јa чуваме традицијата тогаш кој?!
Стефан појаснува во интервјуто дека е воспитан така, неговите родители ја сакаат и негуваат треадицијата. Самиот факт што и неговиот татко е музичар, културен работник дополнително влијае на неговиот начин на живот да биде во духот на македоснките обичаи.
– Од нив сум научил дека и кога ќе треба да ги воспитувам моите деца никогаш нема да им наметнувам нешто, ќе ги оставам да имаат свој пат. Тоа го направиле моите за мене. Тие се најдобрите луѓе што ги познавам! Благодарение на нив сум ваков човек – вели Лазаров.
Водителот си ја отвори душата и раскажа дека имале многу премрежја и дека поминале многу лош период. Ја видел мајка му како плаче, но и тогаш се гушкале и сите четворица биле заедно и во невоља.
– За жал немале многу среќа во животот. Јас сум дете кое што видело како е да се нема. Ние изгубивме стан пред неколку години. Се сеќавам …мајка ми плачела, сме се гушкале. Меѓутоа и во тие моменти сме биле заедно. Сме поминале низ сито и решето.Заедно четворицата- објаснува Лазаров.
Тој под објавата напишал:
Сакајте си ги родителите, тие се единствените луѓе што сакаат да сте поуспешни и посреќни од нив, а ако имате можност да им вратите, направете го тоа. Нема ништо поубаво❤️
Вели дека денеска најголем мотив му е да им врати најмногу што може, да им го олесни животот. Среќен е што со сестра му се повозрасни и можат со заеднички сили да бидат тука за нивните родители.
Неодамна тој имаше влог во кој покажа како му подарува авотмобил нa татако му.