Мајката и очувот осудени на доживотен затвор за убиството на малиот Алфи (1): Го претепале до смрт, имал и кокаин во крвта

Тој имал 70 видливи повреди по телото кои ги добил при физичкото малтретирање и тоа скршеница на нога, рака и ребра
Мајка и нејзиниот партнер се осудени на доживотен затвор за злоупотреба на 18-месечниот Алфи Филипс, кој трагично почина во ноември 2020 година од повредите.
Сиан Хеџис (27) и Џек Бенхам (35) се осудени на најмалку 19, односно 23 години затвор за убиството на момчето, по што од судот ќе можат да побараат условна слобода.
Момчето починало во камп приколка во Кент, Велика Британија, со 70 видливи повреди на телото од физичкото малтретирање, вклучувајќи скршена нога, рака и ребра, пишува Мирор.
Кокаинот бил пронајден и во крвта на момчето по неговата смрт, а болничарите кои ја извршиле обдукцијата рекле дека Алфи бил мртов „одредено време“ откако било пронајдено неговото тело.
За време на судењето и двајцата ги негираа обвиненијата, тврдејќи дека мислеле дека момчето се задушило додека спиело до својот очув.
Повредите на Алфи сведочат дека злоупотребата траела со месеци.

Таткото Сем Филипс го опиша Алфи како „добар и жив“, додавајќи дека „никогаш немало здодевен момент“ со детето бидејќи тој секогаш „играл и се смеел“.
„Јасно е дека момчето беше намерно повредено што резултираше со смрт помеѓу 27 и 28 ноември 2020 година. Џек Бенхам и Сиан Хеџис беа со него во камп приколката во текот на ноќта и дека фаталните повреди на момчето се случија таа ноќ“, рече обвинителката Џенифер Најт.

Бенхам се бранеше дека таа вечер се било нормално и дека седеле, пиеле, разговарале, гледале видеа на една позната социјална мрежа.
„Сето тоа беше лага, вистината е дека вие и Сиан сте биле вмешани во тој напад, а откако мајката се обидела да изврши реанимација и не успеала, вие го извадивте телото од приколката“, додаде обвинителката.




