Мајка ги остави ќерката (6) и синот (4) сами – само една минута подоцна девојчето беше мртво!
Тешка трагедија му се случи на едно семејство кога нивниот четиригодишен син случајно со пиштол ја уби својата шестгодишна сестра.
Имено, дете старо четири години од Џорџија случајно го најде пиштолот на својот татко кој се наоѓал во автомобилот и со него ја уби својата сестра, Мили Дру Кели (6) на паркингот во близина на семејната куќа во Далас.
Како што пренесуваат американските медиуми, децата се наоѓале во автомобилот додека нивната мајка излегла да провери зошто не сакал да запали.
Од полицијата соопштија дека до трагедијата дошло кога семејството се подготвувало да тргне на натпревар на џуниор лигата во која играл малиот. Иако по пукањето мајката веднаш го однела девојчето во болница, докторите не можеле да направат ништо бидејќи нејзиниот брат куршумот го испукал директно во нејзината глава.
Семејството по трагичната смрт одлучи да ги донира органите на девојчето, а во нивно име е организирана и кампањата за собирање парични средства на сајтот Go Found Me.
„Мили Дру денес подари живот така што ги донираше органите, и на овој начин ја покажа љубовта кон Исус, кој го сакаше со целото свое битие и со сé што има“, пишува во соопштението на организаторот што ги собира парите.