Норвешката блогерка Марија Нордо Јорстад стана позната благодарение на нејзиниот профил на Инстаграм, каде што ги сподели сите детали за нејзината бременост, што беше особено интересно, бидејќи носеше тројка.
На 12 септември минатата година, со царски рез ги роди Ибен, Агнес и Филип , а со вишокот на кожа се уште се бори.
„Напредокот е многу бавен, секојдневно вежбав вежби, и ми беше кажано дека сѐ уште не правам ништо “, напиша таа 12 недели по раѓањето.
https://www.instagram.com/p/BozlzLriFel/?utm_source=ig_embed
Веднаш откако таа на свет донесе три бебиња, објави дека ќе носи корсет. Таа вели дека практикувала четири до пет часа на дена да го носи, но пред нејзе е долг пат.
https://www.instagram.com/p/BnjrbPNh-Cd/?utm_source=ig_embed
„Докторот откри дека имам кила, па можеби ќе треба да направам операција. За среќа, можам да носам некои нормални панталони, тоа е почеток”, се пошегува таа.