Мајката на шампионот откри детали од неговиот интимен живот: Имаше девојка од Краљево, одбојкарка…
И најпознатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ деновите ги поминува во изолација со својата сопруга и децата. Двојката постојано е активна на социјалните мрежи и објавува видеа и фотографии од нивниот секојдневен живот и речиси се е познато што се однесува до нив.
Но и покрај тоа што одамна се пишуваше за неговата врска со Јелена пред да стапат во брак, другите девојки или емотивни врски на големиот Ноле останаа непознати.
Неговата мајка Дијана неодамна во една прилика проговори и за тајните од неговиот емотивен живот.
– Немаше време за забава. Повеќе беше на пат отколку дома. Ја запознав неговата девојка, мислам дека беше одбојкарка од Краљево. Подоцна ја запознавме Јелена и тоа е тоа. Немаше многу девојки, барем јас тие што ги знаев. Откако се ожени, не им се мешам во „нивната чорба“, тој одлучува. Околу исхраната не се сложувам со нив, но тој секогаш прави како што смета дека треба, рече Дијана Ѓоковиќ во емисијата „Мајки на шампионите“.
Иако Дијана проговори за некои интимни моменти за Новак за кои јавноста не знаеше, веројатно тенисерот нема да ѝ се налути на гордата мајка.