Мајката на охриѓанецот што растури во „Ѕвездите на Гранд“ се враќа во Македонија
Александар Јосифовски има 26 годни и доаѓа од Охрид
Тој е син на фолк-пејачката Елизабета Неданоска-Јосифовска која уште во 1996 година со песната насловена како „Ем го мразам, ем посакувам“ со која настапи на фестивалот Тримери во Струмица ја освои македонската публика.
Александар деновиве настапи во музичкото шоу Ѕвездите на Гранд и успеа да ги добие сите гласови од жирито.
Интересно е тоа што пред да се пријави во музичкиот натпревар, тој и дал ултиматум на неговата мајка. Имено, таа имала голема желба нејзиниот син да се пријави во шоуто, но тој и ветил дека ќе го стори тоа но само ако таа и се врати на музиката и сними нов музички материјал.
Елизабета веќе неколку години живее во Австралија, а како што изјави за весникот Вечер наскоро се враќа во Македонија за да го оствари ветувањето што му го дала на синот.
Инаку, песната „Ем го мразам, ем го посакувам“ пред повеќе од 20 години победи на фестивалот Тримери во Струмица. Но спотот за песната Елизабета го снимаше оваа година, во Охрид, па погледнете во продолжение од нејзините фотографии и видеото како таа изгледа сега.