Мајката на Миа Костова и во седмата деценија изгледа ПЕРФЕКТНО – вози ѕвер и ужива за сите пари
Кога ќе ја видите како изгледа, тешко дека ќе погодите дека оваа дама е во седмата деценија од животот
Кога ќе ја видите како изгледа денес, тешко дека ќе погодите дека оваа дама е во седмата деценија од животот
Познатата водителка и инфлуенсерка Миа Костова веќе со години е во центарот на вниманието, посебно на социјалните мрежи.
Таа има голем број следбеници како на Инстаграм, така и на Фејсбук, па секоја нејзина објава предизвикува внимание, а не ретко и лавина од реакции од нејзината војска пријатели и фанови.
Инстаграм
Но овој пат Миа објави една стара фотографија од весникот „Котелец“ и покажа од кого го наследила својот шарм и убавина.
Имено, водителката која важи и за една од најатрактивните инфлуенсерки на социјалните мрежи објави стара фотографија од својата инспиративна и неверојатно згодна мајка.
Имено, Миа е ќерка на некогашна балерина која сега е во пензија, но која се уште плени со својата убавина.
Инстаграм
Таа е една самоуверена жена полна со енергија и младешки дух, која вози големи мотори и има повеќе од 20 тетоважи.
Инстаграм
„Мајка ми во Котелец на насловна 1983, декември или месец дена пред да тргнам да доаѓам“, напиша Миа под фотографијата што ја сподели на својот профил на Фејсбук, а на која е нејзината мајка Оливера Костова (Дебарлиева) кога имала дваесет и две години, заедно со колешките од некогашната балетска група „Чоколада“.
Инстаграм
Оливера годинава ќе наполни 63 години, но кога ќе ги видите нејзините слики никогаш не би погодиле што ѝ пишува во личната карта.
Инстаграм
И како што самата откри во една пригода, за нејзиниот изглед заслужна е мајката природа, но и напорните редовни тренинзи.
Инстаграм
Таа е поранешна балерина која специјализирала во една од најпрестижните балетски школи во светот, Ваганова, во Санкт Петербург, во Русија, а Миа е нејзината прва љубов. Инфлуенсерката во една пригода, за нејзината мајка ќе го напише следново:
„Сите имаат мајка, ја имам 59 годишна риба (објавата е од пред неколку години) и сум и прва љубов. Чисто информативно, дупла шкорпија со месечина лав. Халоувин квин. Сликава е нова, од стомаков изглегов пред 36 години. Среќен мајка! Љуби те Миа“, и порача Миа тогаш за својата мајка покажувајќи како изгледа во костим за капење.
Па, крвта не е вода, нели?