Веќе петти ден се трага по 2-годишната Данка од Србија, од која нема ни трага ни глас.
Девојчето исчезна во вторникот попладне во Бањско поле кај Бор.
Пожарникарите, полицијата и спасувачите продолжија со багери да го расчистуваат просторот околу куќата во Бањско Поле каде последен пат била видена Данка.
Иако од прегледот на мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ е откриено дека бројни повици и пораки биле избришани непосредно пред исчезнувањето на девојчето, тоа не значи дека нема да се утврди со кого комуницирала, бидејќи полицијата го прегледува нејзиниот мобилен телефон детално, дознава „Блиц“.
Српскиот медиум објавува дека обвинителството наредило детален преглед на нејзиниот телефон, со оглед на тоа што мајката на Данка Илиќ била последна која контактирала со девојчето.
„Сите избришани пораки ќе бидат вратени“, вели изворот на „Блиц“.
Мајката на Данка Илиќ, Ивана, вчера повторно била сослушана во полициската станица во Бор за околностите на исчезнувањето на нејзината ќерка.
Како што се наведува, полицијата во последните 4 дена добила многу информации преку системот „Најди ме“ и секоја информација мора да се провери за да се најде Данка Илиќ.
Во случајот со исчезнувањето на малата Данка Илиќ (2) се сослушани повеќе од 10 лица. На полиграфско тестирање биле и двајца мажи кои се блиски со мајката Ивана Илиќ, пишува српска „Република“.
Мајката на Данка се гледала со двајцата, а тоа го сокрила од сопругот. И двајцата биле полиграфирани и го поминале полиграфот, тврди медиумот.
Инаку, освен тие двајца, сослушани се и други пријатели на Ивана како и нејзиното потесно семејство.
Потрагата по двегодишнaтa Данка Илиќ, кој исчезна во вторникот во населбата Бањско поле кај Бор, влезе во петтиот ден. Полицијата во текот на ноќта дежура и во куќата од каде исчезна девојчето.