Реклама
Наши ѕвезди

Мајката на македонската Гранд ѕвезда изгледа топ, но погледнете ја и сопругата, ќе се изненадите

И мајката на суперфиналистот од „Ѕвездите на Гранд“ е позната фолк-пејачка, а тој стана познат и по уште една негова голема победа во животот

Реклама

Александар Јосифовски се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ и важи за еден од најдобрите рокери што се појавиле во ова шоу.

Тој го освои високото второ место во популарниот натпревар, но тоа не беше единствената негова победа во тој период.

Неговиот ментор Ѓорѓе Давид тогаш откри дека Јосифовски успеал да се извлече од канџите на алкохолот и дека бил на лечење, а младиот пејач за оваа негова борба јавно зборуваше во медиумите.

Маркетинг

Инстаграм/ Александар Јосифовски

И како што самиот откри во една пригода, тој со овој порок започнал на млади години и долго време не гледал дека има проблем.

Маркетинг

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Едноставно долги години живеел во илузија, а тоа било така и кога прв пат се пријавил во „Ѕвездите на Гранд“.

Но благодарение на семејството и својот ментор Ѓорѓе Давид, Александар во еден момент решил да замине на одвикнување.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Во болницата заминал за време на натпреварот и таму започнал да пие блокатори кои подоцна му помогнале да остане трезен.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

„Секогаш ќе кажам, кој знае да пие, нека пие, кој не знае, нека не пие и тоа е крај. Алкохолот е секогаш достапен. На мене ‘Ѕвездите на Гранд’ ми го променија животот“, изјави пејачот кој досега многу пати истакнал дека токму неговиот ментор Ѓорѓе Давид многу му помогнал да се извлече од овој порок.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

„Алкохолот е легален, тука е постојано околу нас и мојата порака не е луѓето никако да не пијат. Има два вида на луѓе, оние што знаат да пијат и оние што не знаат. Јас бев од оние што не знаат“, додаде Јосифовскиза Гранд.

Потсетуваме, Александар Јосифовски два пати се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, а вториот пат го освои второто место.

Фејсбук/ Елизабета Неданоска- Јосифовска

Најголема поддршка за време на натпреварот му беше неговата мајка Елизабета Неданоска- Јосифовска која е поранешна фолк-пејачка, како и сопругата која исто така е вистинска убавица.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button