Реклама
Наши ѕвезди

Мајката на Македонецот што растури во Гранд имала мозочен удар – Мамо, те сакам најмногу на свет!

Мајката на финалистот по емисијата имала мозочен удар

Реклама

Сашо Башески (54) од Прилеп ги освои сите со својот настап и потполно заслужено помина во финалето во „Никогаш не е доцна“.

Но малкумина знаат дека зад неговата насмевка се крие голема болка, односно дека пејачот неодамна имаше семејна трагедија.

Како што самиот изјави во една пригода за Гранд, неговата мајка имала мозочен удар по еден од неговите настапи, но за среќа сега е во подобра здравствена состојба.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

„Мама беше во една од претходните емисии и некое време потоа доживеа мозочен удар. Беше многу тешка ситуацијата и мислев дека ќе се повлечам од натпреварот, како и од фестивалот во Прилеп каде треба да настапам, но таа беше сé подобро и подобро, Сега е веќе сосема добро и тоа ми даде поттик и сила да продолжам понатаму, вели Сашо за Гранд и призна дека имал среќа што ја донел својата мајка Павлина во една од емисиите бидејќи тоа отсекогаш и било голема желба.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Како што самиот вели, тоа било последна шанса што можела да дојде бидејќи да оставиле за некој од последните кругови, тоа би било невозможно.

„Тогаш не знаев за себе. Не знаев каде да одам, бидејќи мојата мајка ми е сé, но за среќа се оди на подобри и сакам на овој нали и да ја поздравам и да и кажам дека ја сакам најмногу на светот“, изјави финалистот во шоуто.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Сашо и по еден од претходните настапи со многу емоции зборуваше за својата мајка која отсекогаш му била голема поддршка во кариерата.

Неговата мајка Павлина ги освои симпатиите на сите и кога во публиката разговараше со Жика Јаксиќ, а Сашко тогаш призна дека има трема што настапува пред неа. Но како што самиот изјави тогаш, таа имала голема желба да ја види грандиозната сцена, на која нејзиниот син ги воодушеви сите со својот настап.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

„Имаше голема желба да дојде и да ја види грандиозната сцена. Мамо, фала ти на поддршката и ти се заблагодарувам, те сакам најмногу на свет“, изјави тогаш прилепчанецот пред камерите и ги разнежни сите.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Тој тогаш во ревијалниот дел настапи и со Рада Манојловиќ, а по настапот не криеше дека имал трема и што пеел заедно со неа.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button