Вести

Мајката на исчезнатата Данка очајна: Кога повторно погледнав, ја немаше

Advertisement

Во Србија првпат е покренат системот ПРОНАЈДИ МЕ за двегодишната Данка Илиќ исчезната денеска во приградската населба Бањско поле кај Бор.

Во потрага на двегодишното девојче на терен е полицијата, пожарникари-спасувачи, припадници на ГСС и бројни граѓани. Од Ниш се очекува да пристигнат припадници на Жандармеријата со кучиња трагачи. Во потрагата по девојчето во која се вклучени околу 2.000 луѓе се користат и дронови со термо камери.

Advertisement

-Данка Илиќ, стара две години исчезна во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско поле, Улицата Војвода Радомир Путник бр. 19 (град Бор). Девојчето исчезна на непристапен терен, обраснат со густа шума.

Таа има кафена коса, кафени очи, висока е околу 85 сантиметри, во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна, црни патики и косата и е врзана во опавче. Доколку имате информации јавете се во полиција на 192, добија порака сите граѓани на Србија преку СМС порака на своите мобилни уреди.

Дождот што паѓаше во текот на денот уште повеќе ја отежнува потрагата.

Мајката на малата Данка која денеска исчезна во Бор, изјави за српски Телеграф дека нејзината ќерка исчезнала додека одела да донесе вода за друго дете.

-Се свртев да му дадам вода на другото дете и кога повторно погледнав, ја немаше, изјавила мајката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button