Реклама
Наши ѕвезди

Мајката на Анета скршена од болка по погребот сподели емотивна порака што расплака многумина

На крајот на овој најтежок ден во мојот живот. Ви благодарам на сите што бевте покрај мене, напиша Лилјана

Реклама

Пејачката поминува низ тежок период

Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска доживеа голема трагедија – нејзиниот татко почина и тоа еден ден пред нејзиниот роденден.

Тажната вест на социјалните мрежи ја сподели и мајката на Анета, Лилјана, а потоа се огласи и по погребот на својот сакан.

Маркетинг

„На крајот на овој најтежок ден во мојот живот. Ви благодарам на сите што бевте покрај мене. Ви благодарам на поддршката и помошта за достојно испраќање на мојот сопруг -Љумакот во неговото вечно почивалиште. Тој тоа го заслужи,

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Лилјана Љумаковска

ПОЧИВАЈ ВО МИР НАЈМИЛ МОЈ“, напиша мајката на Анета на Фејсбук

Лилјана претходно објави и неколку фотографии од својот сопруг со кого помина 47 години од својот живот, а заедничка фотографија со својот татко сподели и пејачката на својот Инстаграм профил.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Најтажно од сé беше тоа што Анета својот татко го закопа на денот кога таа требаше да го прослави својот јубилеен 40-ти роденден.

Фото: Фејсбук/ Лилјана Љумаковска

Но наместо да слави и да се радува, пејачката тагуваше по својот татко кој и беше најголема потпора во животот.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button