Маја се соблече, гордо ја покажа лузната од операцијата на стомакот – оваа мама си блеска во секое издание
Познатата штипјанка застана пред огледалото и направи селфи со кое ги воодушеви и жените и мажите
Македонската дизајнерка и инфлуенсерка Маја Кикириткова овие денови на своите виртуелни пријатели им приреди празник за очите.
Таа го облече својот омилен костим за капење и застана пред огледалото, гордо покажувајќи го своето беспрекорно тело.
Маја позираше занесно и се снимаше со камерата, па гордо ја покажа и лузната што ја има на стомакот од операцијата.
Инстаграм/ Маја Кикириткова
„Стомакот расечен и со белег од операцијата на слепо црево, ама баш ми е гајле, убаво ми е во своја кожа и свое тело!“, напиша Маја.
Фотографиите веднаш ги воодушевија нејзините фанови и сите се согласија дека изгледа феноменално во ова летно издание.
Инстаграм/ Маја Кикириткова
Таа и покрај двете бремености нема ни грам вишок, а оваа ситна несовршеност што таа самата ја спомена, воопшто не и се ни познава.
Инстаграм/ Маја Кикириткова
Потсетуваме, Маја е мајка на две дечиња, Лазар и Ева, но воедно и инспирација од жена за тоа дека се сé може доколку се сака.
Инстаграм/ Маја Кикириткова
Таа е постојано во „акција“, без разлика дали станува збор за нејзините деловни обврски или оние семејните, околу дечињата, но и секогаш е дотерана од глава до пети.
Инстаграм/ Маја Кикириткова
Тоа впрочем може да се забележи и од нејзиниот Инстаграм профил, а неодамна не инспирираше и со еден преубав фустан.
Инстаграм/ Маја Кикириткова
Станува збор за креација од еден од најпознатите хај-стрит брендови кај нас, со неодолив леопард дезен, а која воопшто не е скапа.
Повеќе за ова прочитајте тука, а како Маја изгледаше и во ова свое издание, потсетете се од галеријата во продолжение…