Маја пред божиќните празници спаси 14 кучиња: „Не можев да ги гледам во такви мизерни услови“
Оваа млада девојка ни го разубави денот …
Младата волонтерка и љубителка на животни Маја Сертиќ од Самбор одлучи пред божиќниот празник од шинтерската станица во Пула да извлече дури 14 напуштени кучиња и да ја преземе грижата за нив. Одлучила од ова место да ги земе кучињата бидејќи, како што вели самата таа, во прашање е едно од најлошите станици за чување животни во Хрватска .
„Уше во 2016 вдомив една кучка од таму, а кога на почетокот од овој месец го изгубив мојот пес, одлучив од ова место да земам уште едно бидејќи таму условите навистина се грозни. Кучињата таму не излегуваат од своите боксови се додека некој не ги вдоми, а до тогаш може да поминат и години. На денот кога ќе стигнат во стационарот влегуваат во кафезот и таму остануваат. Надвор излегуваат само кога е потребно да се направи некоја ветеринарска интервенција, а никогаш не ги шетаат“, раскажува Маја за Индекс.
Но кога отишла да земе куче, не можела да се помири со тоа што треба да избере само едно кое ќе го спаси, додека останатите ќе останат во нехумани услови. Затоа на крајот одлучила да ги земе сите 14 кучиња.
Едното од нив го вдомила, додека за другите им платила сместување за период од месец дена и ги покрила трошоците за храна и вакцинација.
Како што раскажува таа, никој не сакал да земе ниту едно куче без да и наплати сместување кое во просек ја чинело околу 4000 денари. Покрај ова, таа требало да плати и за храна и околу 1200 денари за вакцини и таблети против крлежи, така што трошоците по куче изнесувале некаде околу 8000 денари, а таа вкупно потрошила речиси 2000 евра.