Маја Оџаклиевска со емотивен статус – ќе ви го скрши срцето
„Секогаш сум нечија среќа, само за себеси не сум“.
Познатата поп-дива со емотивен статус ги трогна фановите.
Маја Оџалиевска е една од најдобрите македонски пејачки на поп – музика и една од малкуте кои го заслужуваат епитетот „дива“.
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска
Долго време веќе ужива во пензионерскиот живот и е повлечена од шоу – бизнисот.
Маја има оставено траен белег во на музичката сцена низ целиот Балкан.
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска
Уште многу млада почна да се занимава со музика, а освен со неверојатниот глас, публиката ја освои со широката и прекрасна насмевка, витката става и долгата и бујна коса.
Со својата убавина ги оставаше без зборови мажите и многу познати личности беа вљубени во неа.
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска
Маја без оглед на годините зрачи со својата убавина и шарм.
Активна е на Фејсбук и понекогаш знае да се огласи и во врска со некоја актуелна ситуација.
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска
Овој пат таа објави фотографија од својата мачка, а во опис напиша емотивна порака посветена на „Некој човек“.
„Му благодарам на одбиеното, повредено Его што волку долго се препелка, бидејќи да не е така, дали би изродило од себе волку биери…
Убавината во пишувањето е во негуваната тага, а јас сум секогаш нечија среќа, само за себе не сум.
Не сум ничија тага.
За мене никој никогаш не напишал поезија“, напиша пејачката.