Реклама
Наши ѕвезди

Маја Оџаклиевска: „Мажите се за една употреба, не ги разбирам жените што трпат силеџии“

Реклама

Маја Оџаклиевска (21 април 1954) е македонска пејачка на забавна музика. Долги години таа работи и живее во Белград, Србија каде и пее на српски јазик.

Македонската пејачка Маја Оџаклиевска, која долги години живее во Србија, во едно интервју открила дека никогаш во животот не би трпела физичко малтретирање од маж. Таа открила и дека најмногу во врската ѝ пречи ако партнерот да ја омаловажува.

Маркетинг

-Мажите се за една употреба, кога ќе видиш дека нешто не штима, веднаш треба да му го свртиш грбот и да продолжиш напред. Чашата кога еднаш ќе се скрши, колку сакаш лепи ја, пак ќе се познава. Не можам да ги разберам оние жени кои трпат насилство од страна на партнерите, јас никогаш не би дозволила некој да се изживува со мене, рекла Оџаклиевска , која се нашла во ситуација да биде сведок на малтретирање, кога соседот ја тепал својата сопругата и случајот.

„Пред неколку години бев сведок на вакво нешто. Слушнав како сосетката моли за помош и од прозорец видов дека сопругот ја удира со боксови и клоци. Веднаш викнав полиција, дојдоа за 15 минути, направија записник и си отидоа. По неколку дена се видовме и почна да ми вика и да ме обвинува зошто случајот сум го пријавила во полиција. Бев вчудовидена од нејзините зборови и однесување и сфатив дека ѝ нема помош затоа што таа наместо да си замине и да го остави, го бранеше“, рекла Оџаклиевска.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button