Реклама
Наши ѕвезди

Маја Оџаклиевска за внукот кој боледува од аутизам – „Ќе се борам за него сѐ додека не се излечи“

Реклама

Македонската пејачка Маја Оџаклиевска ја отвори својата душа и отворено и јавно зборуваше за болеcта на нејзиниот внук за кој таа самата е грижи.

„Сребрени улици“, „Шила“, „Лиду лидуду“, „Многу солзи исплакав“ се само дел од нејзините хитови кои и ден денес се пеат.

Маркетинг

Маја Оџаклиевска е родена во 1954 година во Скопје и уште како 15-годишно девојче ја започнува својата музичка кариера. Нејина цел била да трае долго и успеала во тоа. Стана една од најпопуларните пејачки на територијата на поранешна Југославија. Со својот глас, но изглед успеа да ги освои сите.

ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук

Нејзиниот заштитен знак беше црвената бујна коса, но и широката насмевка од која не се откажа дури ниту во тешките моменти.

Маркетинг

Таа е една од ретките на овие простори за кои слободно може да се употреби зборот „дива“. Денес повеќе ја нема црвената коса, но ја има сѐ уште специфичната убавина која ја красеше од млада.

ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук

Не е тајна дека многу познати личности биле вљубени во неа, а еден од нив бил и Бора Чорба.
Зад себе има дури „12 бракови“.

„Имав 12 таканаречени бракови. Кога ќе дојде оној момент кога е почне мрчење или однесување што не ми се допаѓа, јас ги ставам сите работи во кесе за ѓубре и ќе кажам: ‘Работите ти се тука’. Чао, довидување и нов брак“, раскажа Маја како гостинка во една телевизиска емисија.

ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук

Пред две децении одлучи да се откаже од својата успешна музичка кариера и целосно да се посвети на семејството.
Маја оттогаш се појавува во поедини телевизиски емисии и настапува само како гостинка, и тоа се случува многу ретко.

Имено, откако реши да заврши со својата кариера како пејачка, таа живее само од својата пензија од 33.000 динари месечно (помалку од 250 евра). Но како што самата вели, поубаво е да се живее скромно и со толку пари отколку да се малтретира за десет пати повеќе и да се чувствува ништожно.

ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук

Како што неодамна истакна, таа целосно му се посвети на својот деветгодишен внук, кој е дете со аутизам.

Луѓето со премногу амбиции се несреќни. Можам да имам империи, тоа не значи ништо. Материјалното не е ништо. Немам куќа на Дедиње и базени, живеам во мал стан 35 години и задоволна сум од тоа.

Не станува збор за скромност, туку за разбирање на ситуацијата и сопствените потреби. Задоволство ми е да имам покрив над главата, што да јадам, каде да спијам и што да облечам. Не мора да бидат брендирани предмети или скап мебел. Ако разбирате дека филозофијата на животот е да се живее мирно и убаво, тогаш нема за што да жалите.

ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук

Не треба да имате болни амбиции. Скромноста не е доблест, но не треба да се биде ниту премногу амбициозен. Како постигнувате сопствено задоволство? Значи, со разбирање на сопствената ситуација, рече Маја за „Блиц“.

Таа рече дека секогаш живеела добро, дури и кога не заработувала многу, а сето тоа ја научила нејзината мајка.
„Парите треба добро да се распределат, тоа е поентата. Никогаш не сум позајмила.

Мајка ми еднаш ми рече: „Рашири се колку ти е чергата. Ако имате ќебиња, свиткајте ги нозете, ако имате јорган, истегнете се “. Не сакав да сум должна никому. Јас не секогаш заработував многу пари, само добро ги распределував. Луѓето никогаш нема да имаат доволно пари, колку и да имаат, бидејќи секогаш ќе смислат нова потреба за која ќе им недостасуваат пари, откри Оџаклиевска.

ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук

Таа е горда што живее пристоен живот во српската метропола.

„Имам мала пензија, но и таа ми е доволна бидејќи не сакам да се понижувам на секој пеејќи му во скут или да сум качена на маса. Послатки ми се овие пари од тие за кои би заработила веројатно и преку две, три илјади евра. Доволни ми се моите пари да не бидам запустена, но мене сега во прв план ми е моето внуче Лука, мојата напатена душа кој 7 години се бори со аутизмот. Не можам многу да му пружам на внукот со оваа пензија, но тој е разумен“, кажа Оџаклиевска за медиумите.

ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук

Пејачката откри и дека се надева дека ќе добие национална пензија, затоа што смета дека ги исполнува сите услови.

„Се надевам на национална пезија, не поради парите туку поради сатисфакција. На некој начин мене тоа ми е признаение дека нешто што сум почнала сум го направила како што треба.

Снимив филм за на мајка ми да ѝ ја исполнам желбата. Вредно работев, секој текст го преживував неколку пати. Кога учествував на фестивал работев на песните за да отпеам најдобро што можам. Ја вложив душата, љубовта, енергијата и времето и затоа добивав енергија. И со својот буџет функционирам, не смее да се пречекори достоинството “, вели таа.

ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук

Оаклиевска вели дека е многу среќна што нејзиниот внук разбира кога таа нема доволо пари да му купи некоја играчка која тој ја посакува.

„Не можам на мојот внук да му пружам многу со мојата мала пензија, но тој ме разбира. Кога ќе кажам ‘Не може баба тоа, нема пари“, тој не е среќен, ама молчи. Не е бесно дете кое сака по секоја цена да биде по негово“, беше искрена Маја која потполно отворено зборува на оваа тема.

ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук

Таа била првата која забележала знаци на аутизам кај Лука.

„Јас прва ги забележав првите манифестации на аутизам. Затварање, изолација, бегање под маса. Ова се случи еден месец откако ја прими вaкцината. Ѝ кажав на ќерката, а кога ни ја потврдија дијагнозата, тргнавме со разни методи на лечење, квантна медицина, биоенергетичари“, изјави скопјанката која долги години живее во Белград.

ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук

Теа е помалата ќерка на Маја, за која таа ѝ претходно има изјавено дека е бунтовна и кога нешто ќе науми, никој не може да ја спречи.

„Теа си замина, не можам многу за тоа да зборувам. Сега Лука е сиот мој свет, мојот Универзум, сама се борам со неговата болест. Живеам за него и живеам за моментот кога ќе оздраве, но ете, гледате, тој има девет години и уште не зборува“, откри Маја за „Женски магазин“.

ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук

Во едно неодамнешно интервју таа откри дека се забележува напредок во развојот на Лука, но дека сепак бара голема посветеност.

„Се надевам дека некогаш ќе можам да разговарам со него. Се боpев и ќе се боpам додека не се излечи. Надеж ми дава тоа што потпевнува со мене. Не изговара зборови, но мелодиски ме следи. Многу работи разбира, исклучително интелигентно дете е, но само не умее да се изрази. Ние двајцата одлично се разбираме.

Сфаќа што му зборувам, а често му повторувам: ‘Ако не бидеш добар, ќе почнам да те бакнувам!’ Тој не сака да го бакнуваат. Кога велат дека внуците се сакаат повеќе од децата, јас велам дека тоа не е точно. Децата со хендикеп се сакаат најсилно!

Секое внуче кое е здраво и право може да се препушти на родителите и да не мислите многу на него, а на децата кои не се здрави сакате да им помогнете и да направите што можете“, рекла Маја во интервјуто.

ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук
ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук
ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук
ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук
ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук
ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук
ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук
ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук
ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук
ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук
ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук
ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук
ФОТО: Маја Ника Ластинг / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button