Маја бремена во петтата деценија се coблeчe во кocтим за капење – фотографиите ги збунија сите, жено кај ти е стомакот?
Трудница за пример
Хрватската пејачка Маја Шупут на 41 години ќе се оствари во улога на мајка и наскоро ќе го роди своето прво дете.
И покрај годините, Маја се држи одлично, а од фотографиите можеме да заклучиме дека ужива во бременоста.
Многумина велат дека никогаш не изгледала подобро, а за тоа впрочем зборуваат и нејзините најнови фотографии.
Имено, таа деновиве позираше во едноделен костим за капење и ги воодушеви сите со своето прекрасно тело и тоа во шестиот месец од бременоста.
Во прашање е модел со кој пејачката сепак успеа да го потскрие стомакот, но и да покаже дека е згодна трудница.
Инаку, Маја и нејзиниот сопруг Ненад Татаринов изнајмија стан за да можат комплетно да го средат нивниот.
„Повеќето работи веќе ги избрав, но веројатно ќе додадеме уште многу што. Станот е комплетно срушен бидејќи одлучивме да го преуредиме со нов мебел и нова енергија, заради тоа што до сега немавме детска соба, така што сега оваа соба се работи од темели. И додека сопругот со дизајнерите на ентериерот и архитектите е задолжен за целиот стан, бебешката соба не ја давам. Тука сум ангажирана сама и точно знам што сакам. Моментално живееме во изнајмен стан и чекаме нашата оаза да ни биде готова, а тогаш почнуваме со вселувањето“, заклучи Маја за „Вечерњи лист“.
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут