Маѓепсана од неговата убавина, никогаш не била посреќна – погледнете со кого Лила ужива на островот Бали
Нашата позната водителка Конечно откри со кого ужива на едно од најубавите места на светот

Никогаш не била посреќна
Нашата позната водителка Лила Филиповска ги спакува куферите и замина на едно од најубавите места на светот.
Таа најпрво го посети Сингапур каде беше воодушевена од убавините на овој град, а потоа се упати на Бали.
Од нејзините објави можеме да видиме дека никогаш не била понасмеана и посреќна, но и со кого е на ова патување.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено водителката која моментално ужива за сите пари на егзотичниот индонезиски остров Бали ги покажа пријателките со кои замина на ова свое патување, а нејзините бројни обожаватели на социјалните мрежи им порачаа дека изгледаат прекрасно.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
„И маѓепсана од таа убавина која ниедна слика не може да ја долови направив и видео! Ни тоа не може да ја пренесе затоа што ова зајдисонце треба да се доживее ! Бали“, напиша шармантната водителка под една од овие нејзини објави со кои покажа како ужива на ова место.
Како сето тоа изгледаше погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Хранење слончиња
Лила објави и неколку снимки на кои може да се види како облечена во костим за капење си игра со слон.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа за оваа пригода носеше едноделен костим за капење во розова боја, а во слично издание беше и нејзината пријателка и колешка, водителката Бесјама Касини, попозната како „Биг мама“.