Колку пати сте ја нашле вашата мачка во кутија или сте виделе како се обидувате да влезе внатре? Мачките обожаваат кутии и за нив не е важна големината.
Како и многу однесувања на животните, ова не е целосно разбрано, но како најчест одговор од експертите се добива дека тоа го прават од безбедносни причини.
Стивен Завистовски, експерт за однесување на животните од Американското друштво за превенција на суровост кон животни (ASCPA), ваквото однесување на домашните мачки го споредува со дивите мачки. Во дивината мачките сакаат да се сокријат во добро засолниште на тешко достапи за местата, така што никој да не може да им се доближи или да го превземе местото.
Покрај тоа, кутијата има само еден влез преку кој може да следи што се случува околу нив, без страв дека некој ќе ги изненади. Освен во кутии, мачките сакаат да се кријат во гардероби или под ќебе, а таму можат да го прават она што најмногу го сакаат – спиењето.